Два последователни зeмјотреси регистрирани во Хрватска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во близина на хрватските градови Вис и Сењ се регистрирани послаби земјотреси од 2,8 и 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Според Хина, првично хрватската сеизмолошка служба регистрирала земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала со епицентар северо-источно од Сењ во 14:34 часот.

Потоа, во 17 часот и 23 минути е забележан послаб земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала кај Вис.

Според Сеизмолошката служба, епицентарот бил на околу 25 километри југозападно од Вис.

Интензитетот на двата земјотреса во епицентарот бил меѓу третиот и четвртиот степен според европската макросеизмичка скала, според Сеизмолошката служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This