дома Хроника Две девојчиња избeгале од дома, полицијата трага по нив

Две девојчиња избeгале од дома, полицијата трага по нив

Во Полициската станица Радовиш вчера околу 19 и 30 часот шеесет и шест годишна жителка од село Злеово, радовишко, пријавила дека на 10 јули годинава, во периодот од 15 до 20 часот, нејзините две внуки, на возраст од 14 и 16 години се оддалечиле од домот.

Според пријавеното, се вели во полицискиот билтен, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во струмичкото село Сарај.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.