дома Балкан ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ГРЦИТЕ НЕ СЕ СЛОЖУВААТ СО КОМПРОМИС: Анкета во Грција...

ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ГРЦИТЕ НЕ СЕ СЛОЖУВААТ СО КОМПРОМИС: Анкета во Грција покажува дека никој не смее да направи „компромис“ за името Македонија!

Повеќе од две третини од Грците се противат на користењето на терминот „Македонија“ во новото име на Р.Македонија, покажува најновата анкета која ја спровел Универзитетот Македонија и Институтот ЕЛИАЕМ (Хеленска фондација за европска и надворешна политика)

© REUTERS/ Dimitris Michalakis

Конкретно, бројките покажуваат дека 71.5% од испитаници против користење на терминот „Македонија“, 22.5% се сложуваат, а шест проценти од испитаниците не сакале да одговорат.

Истовремено, 56% од испитаниците сметаат дека премиерот на Грција Алексис Ципрас во решавањето на ова прашање не се носи исправно со ситуацијата, а 26.5% сметаат дека постапува правилно.

Што се однесува до лидерот на грчката опозиција, претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис, 54% од испитаниците сметаат дека имаат погрешен став за спорот со името, додека неговата работа околу 21.5% испитаници го оцениле како позитивен.

Слична е ситуацијата и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, каде 47% од испитаниците сметаат дека неговите одлуки не се адекватни, а 26% сметаат дека се исправни.

Во Атина денес е одржан масовен протест поради потенцијалниот компромис на Грција со властите во Скопје за официјалното име Македонија.

Според податоците на агенцијата АНА, присуствувале околу 140.000, а 283 автобуси пристигнале во Атина, довезувајќи луѓе од цела Грција на протест.