„ДВИЖЕЊЕ ЗА ИЛИРИДА“ СО ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО: Сепаратистичко албанско движење во Македонија бара земјата да се преименува во „Балканска Федеративна Република“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат провокациите од разни албански националистички и сепаратистички групи во Македнија, кои го користат моментот на нарушена заштита на државните интереси да ја промовираат својата политичка агенда во своите средини

Порталот на албански јазик ИНА објави краток текст лиферуван од одредена група која делува во Македонија, наречена „Движење за Илирида“ во кој се нуди „решение“ за проблемот со името. Според текстот се бара Македонија да се преименува во „Балканска Федеративна Република“.

Движењето за Илирида, политичко движење сега веќе малку познато во Македонија излезе со предлог за новото име на Македонија.
“Бараме од релевантните меѓународни фактори, кои имаат мандат од ООН за да го решат спорот за преименување на името Р. Македонија. Новото име да рефлектира со реалната територијална компактност: Балканска Федеративна Република“, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Според овој предлог, со овој план ќе има две федерални единици: Република Македонија и Република Илирида.
“Со овој чин на преименување ќе се избалансираат двата составни етнитети на оваа нова држава, ќе се изгаснат внатрешните поларизации и конечно да започне посакуваниот економски развој за цела земја, со нормален животен стандард за достоинствен живот. Веруваме дека овој предлог ќе биде поддржан од сите граѓани на на Република Македонија. Еднаш за секогаш да се стабилизира Балканот, од хегемониските аспирации“, велат од Движењето за Илирида.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This