дома Македонија ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА НА СОБРАНИЕТО НА ЕДЕН ТРОШОК СО НОВОТО ИМЕ: На Талат...

ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА НА СОБРАНИЕТО НА ЕДЕН ТРОШОК СО НОВОТО ИМЕ: На Талат Џафери не му се брза со двојзичната табла на Собранието, на еден трошок со новото државно име ќе биде сменета

Откако Џафери се пофали дека од денес ќе може да ги води сендиците во Собранието на Албански јазик, тој успеа и да се пошегува дека не му се брзало со промената на таблата на Собранието на Република Македонија да стане двојазична.

Тој во својата изјава истакна дека таблата ќе биде двојазична но не се брзало и така ќе се менувала со промената на имаето на државата.

Во однос на поставувањето на двојазични табли на зградата на Собранието, Џафери рече дека ќе се испочитува рокот од шест месеци, но ќе почека тоа да се спроведе со промената на името на државата, па да не се прават двојни трошоци.