дома Македонија ДВОЈАЗИЧНА ДРЖАВА, ТЕРОРИСТИ НА СЛОБОДА: Уште една точка од Тиранската платформа реализирана...

ДВОЈАЗИЧНА ДРЖАВА, ТЕРОРИСТИ НА СЛОБОДА: Уште една точка од Тиранската платформа реализирана – слобода за убијците од Смилковско езеро!

Покрај законот за двојазичност, кој беше дел од Тиранската платформа, вчера се реализираше уште една точка од истата. Точката со која се бараше ослободување на убијците на 5те деца на „Смилковско Езеро“ кои беа осудени за тероризам.

Покрај носењето на законот за двојазичност, вчера на 14 март беше реализирано и барањето од Тиранската платформа поврзано со случајот „Монструм“. Случајно или не, и двојазичноста, и случајот „Монструм“ го добија овој епилог на 14 март, датумот на кој во 2001 година почна конфликтот со нападите на УЧК во Тетово.

Жестока расправа полна со емоции од страна на родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро предизвика вчерашното второ одложување на случајот „Монструм“ откако Врховен го врати предметот на почеток и ги ослободи од притвор обвинетите, поради тоа што Катица Јанева го побарала предметот, јавува 24 вести.

– До кога ќе се купува време ова е политички пазар судија , нашите деца шест години скапуваат во гроб, имате ли душа судија имате ли деца, беа само дел од негодувањата кои родителите ги упатија до судијата Огнен Ставрев.