дома Социјални Мрежи ДВОЈНИ СТАНДАРДИ И РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ: Владата има за скапи авио-билети, а нема...

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ И РАСИПНИЧКО ТРОШЕЊЕ: Владата има за скапи авио-билети, а нема ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец

Владата ќе троши 20 милиони денари за шетање и авионски карти, но нема пари да го реши случајот со вработените во Охис и Еврокомпозит, за кои нема плати, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Железничарите штpaјкуваат поради немање на плати, но Владата не се откажува од скапи авионски билети за себе.

Знаеме дека нема пилот во авионот на Владата, но има авио-карти кои се скапо платени.

Тоа е тој познат двоен стандард на рaсипничко трошење на народните пари. 20 милиони денари за шетање низ светот и авио-карти, но ниту денар повеќе за македонскиот земјоделец кому министрите од владата му викаат “од мотиката подалеку” … и нула денари за болниците кои наликуваат на преградие во некоја афричка провинција.

Тоа е тоа наводно блескање на Заев.