дома Свет Двe зeмjи ce cyдpиja нa гpaницaтa пopaди вoдa – имa пoвpeдeни, eднo...

Двe зeмjи ce cyдpиja нa гpaницaтa пopaди вoдa – имa пoвpeдeни, eднo лицe зaгинa..

Киргистан и Таџикистан се судрија на границата поради вода. 

Mештаните фрлале камења едни на други во спор околу резервоар за вода. Одборот за национална безбедност на Киргистан ја обвини таџикистанската страна дека со минофрлачи го гаѓала спорниот резервоар со вода. Таџикистанските власти тврдат дека тој објект им припаѓа и ги обвинија киргистанските власти за пукање во таџикистанските граничари.

Таџикистан објави дека се повредени девет лица, додека Киргистан извести за едно мртво лице и 16 повредени. Ги обвини киргистанските сили за гранатирање мост на спорна територија.

Киргистанскиот претседател Садир Јапаров одржал вонредна средба и формирал работна група за решавање на конфликтот.

Извор: faktor.mk