дома Хроника Двe лицa пoвpeдeни вo cooбpaќajнa нeзгoдa кaj Maткa

Двe лицa пoвpeдeни вo cooбpaќajнa нeзгoдa кaj Maткa

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 13 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучка Матка.

Во несреќата, информира МВР, учествувале „БМВ“, управувано од Ј.С.(23) од Скопје и „Ауди“, управувано од С.С.(51) од с.Желино, и двете со тетовски регистарски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „БМВ“, М.З.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, истакнуваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.