ДЕА: Ja пoддpжyвaмe бopбaтa пpoтив нapкo тpгoвиjaтa вo Mакедонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваме со поддршката за Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога, изјавија синоќа за МИА од Американската служба за борба против дрога (ДЕА).

ДЕА потврди дека службеници на агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција околу заплената на 200 килограми марихуана во петокот од страна на полицијата, но не сакаат да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица. ДЕА е служба во рамките на американското Министерство за правда.

Полициската акција беше изведена во петокот попладне кога на патот Прилеп – Росоман, полициските тимови го пресретнале автомобилот „ауди А8“, во кој биле висок полициски функционер од Прилеп, и уште едно лице. Веднаш потоа е запрено патничко возило „дачија дастер“, во кое се превезувале уште две лица, а зад нив и комбе, во кое се наоѓала марихуаната спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This