Дебарските иселеници во САД безбедија 100 таблети за учениците во социјален pизик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на дебарските иселеници во САД, кои редовно помагаат во родниот крај, со последната донација целосно се задоволени потребите за таблет компјутери за учениците во социјален ризик, во двете основни и средното училиште во градот.

Донацијата, овој пат е од татковинското друштво „Дибра“ на иселениците во САД, со која се набавени 100 таблет компјутери за ученици во општинското основно училиште „Саит Најдени“, каде настава следат над 400 ученици.

-Многу сме благодарни за помошта што ја добивме од друштвото „Дибра“ и неговот претседател Дашнор Мифтари. Помошта беше обезбедена од поодамна но набавката ја реализиравме деновиве поради недостиг на таблети во соодветните продавници во Македонија и во регионот. Друштвото најави продолжување со помошта за нашето училиште, а очекуваме помош и од друг донатори, рече Бурим Казиу, директор на училиштето.

Додаде дека како управа гарантираат целосна транспарентост оти добиената помош ќе оди до потребната дестинација.

Претходно со средства донирани од иселеници во САД набавени беа 235 таблет-компјутери. Од нив 75 беа за учениците од средното општинско училиште „28 ноември“, каде заедно со  подрачните паралелки во село Могорче, настава следат 584 ученици.

Останатите 160 беа обезбедни за ООУ„Пенестија“ каде заедно со подрачното учлиште во село Џепиште настава следат 980 ученици. Бидејќи сите 110 ученици кои се во социјален ризик во ова училиште беа снабдени со таблети, останатите  50 управата одлучи да им ги даде на ученици од „Саит Најдени“.

Извор:МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This