Дебар со дополнителни капацитети за справување со Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна монтирањето на модуларната болница во Дебар, која ќе се протега на површина 240 квадратни метри и ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории.

„Нам како локална власт обврска ни беше да го подготвиме теренот и да ја обезбедме потребната инфраструктура. Тоа подразбра дека на просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно е извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациска мрежа и се спроведоа приклучоци за електрично напојување“, изјави Хекуран Дука, градоначалник на Дебар.

Дука, кој по занимање е лекар – специјалист уролог, оценува дека дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во Општата болница со проширена дејност, во чиј круг е модуларната болница, и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во поширокиот дебарски регион.

Во меѓувреме, непречено фунционира ковид-центарот во Инфективното одделение, каде набргу ќе почне изградбата на централен систем за кислородна поддршка.

Моментно тука се хоспитализирани шест пациенти, сите на кислородна поддршка, но во стабилна состојба. Амбулантски се лекуваат во просек пет до шест лица дневно.

Според официјални податоци на Министерството за здравство, денеска се регистрирани еден новозаразен и 16 оздравени. Вкупниот број на заразени во Дебар и општина Центар Жупа е 777, починале четиресеттина, а активни на болеста се 53. Од нив, двајца се хоспитализирани во болници во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This