дома Балкан Девет лица зaгинaa во пожaр во дом за стари лица во Бугарија

Девет лица зaгинaa во пожaр во дом за стари лица во Бугарија

Девет луѓе загинаа во пожарот кој во понеделникот зафати дом за стари лица во местото Ројак на истокот на Бугарија, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Пожарот кој избувнал малку пред 18 часот по локално време во понеделникот на дрвениот покрив на зградата е изгасната, а старскиот дом во кој живееле 58 луѓе се евакуирани, изјави Тихомир Тотев, шеф на локалната противпожарна служба во Варна.

„Кога петте противпожарни возила и спасувачки екипи стасаа до домот, покривот веќе беше во голем пламен и црн чад. Пожарникарите започнаа со евакуацијата на корисниците, но за жал девет луѓе ги загубија животите“, изјави Тотев за медиумите.

Додал дека меѓу 49-те преживеани нема лица за кои е потребна хоспитализација, како и дека започната е истрага за причините за пожарот.