дома Занимливости Девојките во паника: Соседот им оставил порака дека гледа се додека се...

Девојките во паника: Соседот им оставил порака дека гледа се додека се тушираат

Анонимен сосед на девојките им оставил порака кај влезната врата, со цел да ги поштеди од непријатниот разговор во лице.

Имено, 26-годишната Сара Јејтс од Англија се исплашила кога соседот ја известил дека може да види се низ нејзиниот прозорец во тоалетот.

Таа неодамна ја реновирала куќата, а во тоалетот вградила нов и поголем прозор, за кој тврди дека стаклото е замаглено и не може ништо да се види освен силуета.

„Кога се туширате можеме да видиме се. Не сакав да ве посрамотам со разговор во живо“, стоело во пораката.

Сара, која во моментов е на одмор во Грција, вели дека целото искуство прилично ја вознемирило, и додава дека по враќањето дома секако ќе мора во изолација на 10 дена, па за тоа време ќе додаде полно билки на прозорот за додатна приватност.