дома Свет Девојче излaжaлo дeкa е cилyвaнo, по штo poднини пpeтeпaлe дo cmpт нeвин...

Девојче излaжaлo дeкa е cилyвaнo, по штo poднини пpeтeпaлe дo cmpт нeвин чoвeк

Група луѓе наводно силувале и претепале до смрт невин човек откако 10-годишно девојче „на шега излажало“ дека ја нападнал.

Девојчето тврдело дека возач на камионот, Дмитриј Чикваркин (48), ги допирал неа и уште едно тригодишно девојче под половината, откако тој ги одвезол до дадилката во рускиот град Верхњаја Пишма.

Таткото на девојчето, Сергеј Чабин (33) и неговата девојка, Валери Дунаев (25), мајка на другото дете, се обвинети дека го нападнале Чикваркин со помош на тројца пријатели, откако ја слушнале приказната на девојчето.

„Прво го силуваа, а потоа му ја скршија главата со истата цевка. Ја нападнаа и дадилката затоа што се обидела да го заштити Чикваркин”, соопшти полицијата.

Возачот на камионот, исто така татко на шестгодишно девојче, бил жив кога групата заминала, но подоцна починал поради повредите. Дунаева и Чабин, заедно со наводниот соучесник Михаил Иванов (27) се уапсени откако полицијата утврдила дека обвинението е измислено. Другите двајца мажи кои учествувале во убиството се во бегство.

Сите четворица би можеле да се соочат со доживотен затвор, додека Дунаева би можела да издржи до 20 години затвор.