дома Социјални Мрежи ДЕК СЕ ПААРТЕ, Е ДЕК СЕ ДЕ: Зоче, ако министеро воведе прогресивно...

ДЕК СЕ ПААРТЕ, Е ДЕК СЕ ДЕ: Зоче, ако министеро воведе прогресивно оданочување, единствен ефект е шо ќе си ојдат и последните успешни луѓе од државата

Поранешниот заменик-министер за економија и поранешен пратеник Зоран Витанов го предупредува премиерот Зоран Заев кои се негативните ефекти доколку се воведе прогресивно оданочување за оние што имаат месечни приходи над 1000 евра. На течен струмички, со проста математика и две видеообаснувања Витанов му ја доближува економската логика на премиерот – тоа ќе делува демотивирачки за успешните, како што вели, кои ќе имаа причина плус да ја напуштат Македонија и да заминат во земји со пониски даночни стапки.

„Зоче, ако министеро воведе прогресивно оданочување, единствен ефект е шо ќе си ојдат и последните успешни луѓе од државата! Ако само 2% се опфатени како шо вика Тевдо, а имаме вкупно 697.000 вработени, мерката се однесува на 13940 луѓе и е казна за тоа шо се успешни!

Од них, 90% земаат плата под 1400 евра, шо значи вкупните приходи од мерката ќе бидат (400х8/100)х(13940х90/100)= 401472 Евра месечно!!!

Останатите 10% кои земаат над 1400 ќе фатат џенем! Зашо ли? Саа ќе ти кажам:

Ако му го зголемиш трошоко од над 1000 евра месечно, ќе си изнајме (или купе куќа на кредит) вонка од државата на некоо поарно место, оти му е по паметно да си плајќе ќирија/рата, отколко да ги плајќе мрзљаците на Ахмети шо седат дома и му ги јадат точно неговите пари! Прај после ти држава со мрзљаци, шо ќе ти се тии шу имат ак’л! Јок нека станат! Тии и т’ка и т’ка не гласат за никој, туку си га глеет работичката!

Башка, за пресметување на прогресивно оданочување треба нов софтвер у УЈП и треба повеќе бумбаре у администрацијата, па паарте ќе одат за них, а не за народо! Ќе се чудаме сите после ДЕК СЕ ПААРТЕ! Е ДЕК СЕ ДЕ!“, напиша Витанов на својот фејсбук профил.