ДЕЛЕВ: Ни се заканува грчко сценарио и економски колапс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни се заканува грчко сценарио следната година и економски колапс доколку продолжи економијата да се води како што се води во моментов, предупреди Кристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ во Отворено студио на ТВ  НОВА.

„Имаме намалување на платите и го немаме растот предвиден претходно за 5 проценти годишно, што беше одржуван од претходната Влада. Само здрава конкуренција може да ги зголеми платите. Начинот на кој Владата тргна да го решава проблемот е погрешен. Не можете да му наредите на стопанството какви ќе бидат платите и не очекувам тоа да се реализира“, изјави Делев.

Во однос на задолжувањата, тој смета дека парите од задолжувањата не се користат правилно, туку истите одат на социјални трансфери.

„Секојдневно се задолжуваме се повеќе и тие пари не одат на нови проекти, туку на задолжување на социјални трансфери, плати и пензии. Со сегашната политика значително се намалени приходите во буџетот. Доколку не се вратат капиталните проекти, не се инвестира во градежништвото и рударството, Македонија ја чека црно економско сценарио следната година“, изјави Делев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This