дома Македонија Делегацијата на ЕУ во Македонија распиша тендер за производство на ТВ програми...

Делегацијата на ЕУ во Македонија распиша тендер за производство на ТВ програми за културно наследство во Македонија и соседните земји

Делегацијата на Европската унија во Република Македонија информира дека распиша повик за тендер за продукција на ТВ програми за културно наследство во Македонија и нејзините соседни земји.
Како што се наведува во објавата, целта на овој проект е да произведе ТВ програми со информативен и забавен карактер за културното наследство во Македонија и нејзините пет соседни земји. ТВ-програмите треба да промовираат култура и туризам, посветувајќи посебно внимание на регионалната и прекуграничната димензија, вклучително, меѓу другото, и промовирање на европските вредности на помирување и поддршка на слободата на изразување. ТВ-програмите треба да привлечат поширока публика во Македонија, но и во нејзините соседни земји.
Апликациите треба да се достават во електронска форма, изборот ќе се изврши според критериумит најдобар сооднос на цена и квалитет, а вкупната вредност на тендерот е 1.350.000 евра