дома Балкан Делта плус сојот се поблиску до Македонија: Регистрирани 12 случаи од опacната...

Делта плус сојот се поблиску до Македонија: Регистрирани 12 случаи од опacната мyтација во Косово

Team of experienced biologists working on microscopes in laboratory

Во Косово се регистрирани 12 случаи на делта плус видот на коронавирусот, соопшти денеска косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот бил тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија.

Освен делта плус сојот, регистрирани се уште 47 инфекции на делта видот на коронавирусот.

Делта плус е нов вид, а според експертите тој се шири побрзо.

Косовските власти наведуваат дека делта варијантата е најдоминантна меѓу новозаразените случаи на Косово и дека исто така постои опасност од проширување на делта плус сојот.