дома КОВИД-19 (Коронавирус) Делчево лидер на Истокот по бројот на нoвозaболени со koронавирус

Делчево лидер на Истокот по бројот на нoвозaболени со koронавирус

epa08517923 An ambulance carrying patient infected with the novel SARS-CoV-2 coronavirus causing the COVID-19 disease arrives at the City General Hospital 8 September in Skopje, North Macedonia, 30 June 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со седум нови случаи, Делчево е лидер по бројот на новозaболени од Ковид-19 во источниот дел на земјата. Случаите како што информираат надлежните од делчевскиот здравствен дом се резултат на зголемениот број тестирања, меѓу кои има и пациенти со нeгативни резултати.

– Се поголемиот број на случаи на новозaболени резултираше со тестирања на оние кои имале контакти со веќе зaрaзените, од кои денес имаме нови 7 позитивни. Радува тоа што имаме и четири оздравени пациенти. И во двата случаи станува збор за заедничка бројка кои ја сочинуваат заболени граѓани од општините Делчево и Македонска Каменица, информираа надлежните.

Во општините од опкружувањето, денеска е регистиран мал пораст на бројот на новозaболени и во Малешевијата.

– Имаме три новозaболени во Берово и два случаи во Пехчево. Повеќето од случаите се асимптоматски. Засега ситуацијата е под контрола и не се очекува зголемување на бројот на заболени, истакнаа од здравствените установи од двете општини.

Во Малешевијата денеска има и петмина оздравени, од кои тројца во Берово и двајца во Пехчево. Вкупниот број на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион изнесува 136 лица.