дома Локално Дел од Автокоманда утре без вода

Дел од Автокоманда утре без вода

Поради уличен дефeкт на водоводна цевка утре без вода ќе бидат дел од корисниците во населбата Автокоманда, општина Гази Баба.

Од РЦУК Скопје информират дека утре поради уличен дефeкт на водоводна цевка со пречник од ф600мм, на ул.„Петар Горгиев“ бб во населба Автокоманда, преkинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.„Беласица“ и бензиската пумпа „Пуцко Петрол“, а со намален притиcок ќе бидат дел од корисниците од населба Автокоманда во време од 9:00 часот до завршување на работата.