дома Политика ДЕМОЛИРАН ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО КАВАДАРЦИ: Вандали од СДС по забава во...

ДЕМОЛИРАН ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО КАВАДАРЦИ: Вандали од СДС по забава во локален бар, го демолирале штабот на Митко Јанчев!

Вчера вечер во Кавадарци, биле направени штети во еден од инфо центрите на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Имено, СДСМ имале забава вчера вечер во еден од локалите во Кавадарци, каде по полноќ некои членови и симпатизери се осмелиле да го сквернават Кавадарци.

Ова укажува на тоа дека и покрај потпишувањето на декларацијата за фер и демократски избори, членовите на СДСМ се одлучија за вандализам на само 24 часа пред избори.

Јавноста се прашува какви избори ќе следат во недела.