дома Политика ДЕМОЛИРАН ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ КАВАДАРЦИ: Паниката кај политичките дилетанти од СДСМ се...

ДЕМОЛИРАН ШТАБОТ НА ВМРО-ДПМНЕ КАВАДАРЦИ: Паниката кај политичките дилетанти од СДСМ се претвори во секојдневен вандализам!

„Синоќа повторно се искршени прозорците на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Овој кукавички чин само ја докажува нервозата кај нашите противници“ рече меѓу другото на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Весна Пемова.

 

Таа нервоза започна уште кога нивниот лидер Заев најави двојазичност, од што се срамат и самите тие во Кавадарци.
Нивниот страв од пораз се зголеми по грандиозниот митинг во Кавадарци, кога сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата убедливо ќе победи во Кавадарци.

Нивниот очај доаѓа од последните анкети. Дали случајно или не, токму синоќа, со анкета нарачана од нивна телевизија, добија потврда дека ќе изгубат насекаде во Македонија.

Но, треба да им е јасно дека кршењето и уништувањето на наши штабови само ќе ги чини поголем пораз на овие избори.

Бараме до МВР, кое е сега под водство на министер од СДСМ, да превземат мерки да се најдат и казнат сторителите и да се спречат ваквите вандалски дела, кои не се својствени за Кавадарци.

Апелираме и до нашите членови и подржувачи, да не наседнуваат на ваквите провокации. Најдобриот начин да им одговориме е на 11-ти декември да излеземе масовно и така да ги казниме ваквите дивеења и сето зло што го направија во Македонија. Место за уништување, да гласаме за развој.