дома Свет Демонстраните ноќеска ќе останат во Конгресот

Демонстраните ноќеска ќе останат во Конгресот

Извор од Белата куќа близок до учесниците во насилните демонстрации во Вашингтон изјави дека целта на демонстрантите е да останат во зградата на Капитол цела ноќ, пренесува Си-Ен-Ен.

Според Си-Ен-Ен, тоа може да доведе до дополнително попречување на уставниот процес на предавање на власта меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.

„Нивната цел е да го окупираат Капитол цела ноќ“, изјави изворот за Си-Ен-Ен.

Извори блиски до кабинетот на Трамп наведуваат дека се повеќе луѓе блиски до Трамп бараат од него да го прекине хаосот во Вашингтон.

Трамп пред малку ин се обрати на демонстрантите и побара да си одат дома додавајќи дека „ги сака“ и дека „ја чувствува нивната болка“.