дома Балкан ДЕМОНСТРАТИВНО ГО НАПУШТИ СТУДИОТО: Хрватскиот пратеник Иван Пернар го напушти студиото на...

ДЕМОНСТРАТИВНО ГО НАПУШТИ СТУДИОТО: Хрватскиот пратеник Иван Пернар го напушти студиото на ХРТ откако водителот не му дозволи да одговори

Пратеникот во хрватскиот парламент Иван Пернар и основач на левичарската партија Жив Ѕид го посети амбасадорот на Палестина во Белград на покана на амбасадорот Мухамед Набхана кој сакаше да му се заблагодари затоа што во парламентот на хрватска говореше за Ахед Алтамими, малолетна Палестинка која се наоѓа во израелски затвор.

Во знак на благодарност што се бори за палестинската кауза, амбасадорот Набхан на Пернар и неговите соработници му подари традиционални палестински марами, кефии.

Неодамнешниот говор на Пернар посветен На Алтамими не е прв негов говор во парламентот за Палестина. Тој минатата година се појави со кефија околу својот врат, а во 2016 година ја напушти популарната емисија ,, Недела во два’’ бидејќи се налути на водителот Александар Станковиќ, кој сакаше да го спречи да говори за палестинското прашање.

https://www.youtube.com/watch?v=SBGgce3hOWI