дома Временска Прогноза Денеска ветровито, со студено утро, од утре зголемување на дневните, а од...

Денеска ветровито, со студено утро, од утре зголемување на дневните, а од вторник и на утринските температури

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец е прогнозата на УХМР за денеска. Најниската утринска од -11 треба да биде измерена во Берово и во Маврово, а максималната дневна од 7 степени во Гевгелија и во Дојран.

Стабилно и претежно сончево време се очекува и во следните денови. Од утре ќе има благо покачување на дневните, а од вторник и на утринските температури.