дома Религија ДЕНЕСКА Е ПОБУСАНИ ПОНЕДЕЛНИК: Ова се обичаите кои треба да ги направите...

ДЕНЕСКА Е ПОБУСАНИ ПОНЕДЕЛНИК: Ова се обичаите кои треба да ги направите денес

Побусани понеделник е првиот ден после Томина недела или деветти ден од Велигден. Кај народот овој ден уште се нарекува и Велигден за покојните.

 

На деветиот ден на Велигден, кој се вика Побусани понеделник, се оди на гробишта и на секој гроб се остава по едно црвено јајце, починатите да уживаат во воскресението на Исус Христос.

Овој ден се нарекува и Воден понеделник, бидејќи тогаш момчињата и младите луѓе ги полеваат со вода девојките и младите жени. На овој понеделник треба да се остави скршено велигденско јајце во нивата, за таа да биде плодна.

Се дава и велигденско јајце на стоката да го изеде, да биде здрава цела година.