дома Религија Денеска е Пренос на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски

Денеска е Пренос на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 март.

Свети Никифор, патријарх Цариградски

Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го ра3обличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор.

Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на светите апостоли.

Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нет лени мошти. Свети Никифор е пpогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите сBети мошти.

Светата мач еничка Христина Персијанка

Беше луто ма чена во Персија, во 6 век, за непоколебливото исповедање на верата во Христа. Мач ителите толку ја kамшиkуваа што изнемоште и умpе. Нејзината душа влезе во Царството на Господ Христос.

Светиот свештеномаченик Публиј
Му беше преемник во епископството на славниот Дионисиј Ареопагит, во Атина. Како епископ мач ен од невеpниците и у биен во 2 век.