дома Религија Денеска е Преподобен Теодор Трихин, со Божји дар за чудoтвopcтва

Денеска е Преподобен Теодор Трихин, со Божји дар за чудoтвopcтва

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 април.

Денеска е Преподобен Теодор Трихин.

Се родил во Цариград, во семејство на богати родители. Уште како момче ги презирал богатството и почестите и се повлекол од светот во еден тракиски манастир. Покрај другите подвизи, избрал да спие исклучиво на камен и носел само една груба наметка. Подоцна Бог го надарил со дар на чудотворство. Тој дар Бог му го остави и после неговата смрт од неговите мошти истекуваше миро преку кое се исцелија многумина. Преподобен Теодор се упокои во 400 година.