дома Религија Денеска е спомен на Преподобен Тимотеј во Символи и Свети Евстатиј

Денеска е спомен на Преподобен Тимотеј во Символи и Свети Евстатиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари.

Преподобен Тимотеј во Символи

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и се’ до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.