дома Македонија Денеска од 18 часот пpoтecти во 11 гpaдови низ Maкедонија

Денеска од 18 часот пpoтecти во 11 гpaдови низ Maкедонија

Денеска во 11 градови низ Македонија граѓаните со протест ќе го искажат револтот од ставовите на премиерот Зоран Заев посочени во неговото интервју за БГНЕС и неговиот молк за тоа што ветил на Бугарија.

ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината.
Утре протест во 11 града низ Македонија. Народот се буди и нема назад. Срамот на Заев не е заеднички. Да не дозволиме да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата.
Протест сега, за да не биде предоцна! – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Струга, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Крива Паланка, Картово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија се градовите каде денеска во 18 часот Македонците ќе се кренат против продажбата на македонската историја.