дома Временска Прогноза Денеска сончево време, од утре снег

Денеска сончево време, од утре снег

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје и Охрид 7 Целзиусови степени, Маврово и Берово 5, Крива Паланка и Прилеп 4, Кавадарци 10, Гевгелија 12 степени…

Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка.

Дневните температури ќе се движат од два степени во Маврово, Крива Паланка, Охрид и Берово, три степени во Скопје и Прилеп до седум степени во Дојран.
Извор:денешен весник