дома Македонија ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕ: По скратена постапка ќе се донесат следните неколку закони

ДЕНЕС ВО СОБРАНИЕ: По скратена постапка ќе се донесат следните неколку закони

Собранието денеска треба да ја продолжи 131. седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони што треба да бидат донесени по скратена постапка.

Меѓу нив е Законот за минерални суровини, предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавни функции, Предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенцијата за рaзузнавање.

Седницата почна вчера, а по утврдувањето на дневниот ред со 70 точки, беше избран заменикот на главниот државен ревизор и донесен Законот за урбанистичко планирање. Пратениците донесоа и неколку одлуки за испраќање на припадници на Apмијата во мировни мисии во Авганистан, Либија, Босна и Херцеговина и Централно африканската Република.