дома Македонија Денес во Собрание: Ќе се разгледува Законот за одбрана и Законот за...

Денес во Собрание: Ќе се разгледува Законот за одбрана и Законот за Академија за cyдии и јавни oбвинитeли

Во Собранието на Република Македонија денеска две седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, во второ читање.

На втората седница Комисијата ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за одбрана; за лобирање; за изменување и дополнување на Законот за правда за децата; и за Академија за cyдии и јавни oбвинитeли, четирите во второ читање.