дома Македонија ДЕНЕС ВО 17 ЧАСОТ ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА:„Црвената линија ја поминавте. Црвено- жолтата,...

ДЕНЕС ВО 17 ЧАСОТ ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА:„Црвената линија ја поминавте. Црвено- жолтата, не!“

„Црвената линија ја поминавте. Црвено- жолтата, не!“- во 17 часот најавен протест пред Владата

Црвената линија ја поминавте. Црвено- жолтата, не! Под овој слоган за вечерва во 17 часот пред Владата се најавува граѓански собир и кревање на гласот, за како што се вели, Заедничка Македонија.

-Македонија ја знам подолго отколку што ги знам сите политичари и партии заедно. Македонија е над се’. Тоа ми дава право и сила да се обидам заедно со моите пријатели да го придвижам Четвртиот Илинден. Ќе го кренеме гласот за Заедничка Македонија, слободно граѓанско поле за сите нејзини жители, дом за сите кои што ја сакааат Македонија, стои во пораката која се шири на социјалните мрежи.