дома Религија Денес е спомен на Светите апостоли Архип, Филимон и Апфиј: „Кога си...

Денес е спомен на Светите апостоли Архип, Филимон и Апфиј: „Кога си неверен во малку, ќе бидеш неверен и во многу..

Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва.

Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида, сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва.

Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Така ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадија од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодоа со ножеви. На тој начин овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот, и се престави кај Господа.

Беседата за денешниот ден вели:
„Кој е неверен во малку и во многу е неверен.
И ако во Туѓото не сте верни, кој ќе ви даде повеќе?

Затоа денеска на оној кому му се даде материјално богатство и се покаже како себичен, тврд, немилостив и безбожен, тој не треба да се надева на духовно богатство, бидејќи кога си неверен во малку, ќе бидеш неверен и во многу, кога си неверен во телесно, ќе бидеш неверен и во духовно.