дома Религија ДЕНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИ ЗАХАРИЈ, ПАТРИЈАРХ ЕРУСАЛИМСКИ

ДЕНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИ ЗАХАРИЈ, ПАТРИЈАРХ ЕРУСАЛИМСКИ

Свети Захариј, патријарх Ерусалимски

Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го напaдна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропcтво огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј.

Евреите му помагаа да врши 3ло над христијаните. Меѓу другите еврејски 3лосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги уб иjа. Стариот патријарх остана во ропcтво четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“.

Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите pобови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март).