дома Македонија ДЕНЕС И УТРЕ: Прва официјална посета на новиот еврокомесар Оливер Вархеји

ДЕНЕС И УТРЕ: Прва официјална посета на новиот еврокомесар Оливер Вархеји

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји денес за прв пат по стапувањето на функција ќе ја посети Македонија. Се очекува да пристигне денес, а планирано е да оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Исто така се очекува еврокомесарот са се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски, како и екс премиерот, Заев.

На средбите ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно oбвинитeлство.

По посетата на земјата еврокомесарот ќе замине во Албанија.