дома Европа ДЕНЕС предвремени избори во Грција

ДЕНЕС предвремени избори во Грција

Денес во Грција ќе се одржат предвремените парламентарни избори, а според направените анкети се очекува владиното мнозинство да го освои опозициската Нова Демократија.

Премиерот Алексис Ципрас најави предвремени избори веднаш откако неговата партија „Сириза“ загуби од опозицијата како на европските избори, така и на локалните.

Лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, останува фаворит и во овој изборен процес.

Се смета дека опозицијата ќе добие повеќе од половина од местата во парламентот со 300 места.