дома Временска Прогноза Денес променливо време, поројни дождови во делови од земјата

Денес променливо време, поројни дождови во делови од земјата

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, информираат од УХМР.

Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, а УВ-8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

УХМР информира дека во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.