дома Временска Прогноза Денес пpoменливo oблaчно и пocвeжо co yмepeн пoвpeмено зacилен ceвepeн вeтep

Денес пpoменливo oблaчно и пocвeжо co yмepeн пoвpeмено зacилен ceвepeн вeтep

Времето во неделата во Македонија времето ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне почнувајќи од северните делови облачноста ќе се намалува.

Минималната температура е во интервал од 5 до 11, а максималната од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од понеделник ќе се задржи свежо време со температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Се очекува утринските температури од вторник на повеќе места да бидат околу нулата. Од средината на следната седмица ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд.