дома КОВИД-19 (Коронавирус) ДЕНЕС СЕ ГОРДЕАТ, А ПРЕД 8 ГОДИНИ КРИТИКУВАА: Полската болница што од...

ДЕНЕС СЕ ГОРДЕАТ, А ПРЕД 8 ГОДИНИ КРИТИКУВАА: Полската болница што од утре ќе биде ставена во употреба е обезбедена во 2012 од Норвешка

Полската бoлница Roll 2, со ниво на опременост за хиpypшки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија. Ја обезбедивме како донација во 2012 год. од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот технички премиер Емил Димитриев.

Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи, напиша тој.