дома Актуелно ДЕНЕС СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Договорот стапува на сила...

ДЕНЕС СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Договорот стапува на сила веднаш

Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија денеска ќе се најде пред пратениците во Собрание. Со ратификувањето во Собрание, договорот стапува на сила веднаш.

На дневен ред ќе биде и презентирањето на програмата и приоритетите за работата на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе ги презентира бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков.

На овој состанок, освен обраќањата на претседателот на комисијата Артан Груби и амбасадорот Иван Великов Петков, ќе се обратат и заменик премиерот Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува во Собранието. Тие договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.