дома Временска Прогноза ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО: Еве какво време најавуваат од УХМР за следните...

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО: Еве какво време најавуваат од УХМР за следните денови

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 20 до 28 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.