March 29, 2024, 12:54 pm

Денес ќе се знае дали Асанж ќе биде екстрадиран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска се очекува одлуката на британската судијка Ванеса Барејцер, по која ќе се знае дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ќе биде екстрадиран во САД.

Доколку биде екстрадиран, а потоа прогласен за виновен за шпионажа, Асанж може да оди во затвор од 30 до 40 години, велат неговите адвокати, иако обвинителите велат дека тој ќе добие не повеќе од 63 месеци затвор.

Сепак, случајот може да се одолговлекува на неодредено време, бидејќи страната што губи ќе се жали. Постои можност и новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да ја поништи одлуката за гонење на Асанж.

Лондонската полиција го уапси Асанж во април 2019 година во еквадорската Амбасада откако ја прекрши наредбата да се појави пред британскиот суд во врска со барањето на Шведска за негова екстрадиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This