дома Македонија Ден Дончев е недocтапен за антиkopупционepите

Ден Дончев е недocтапен за антиkopупционepите

Поранешниот директор на Фондот за здравствено и инвалидско осигурување, Ден Дончев, да дојде во Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси за да ги даде бараните податоци околу приливите на средства со кои се стекнал додека ја вршел функцијата, јавно повика антикорупционерот Горан Трпеноски, кој го води предметот, пишува Фокус.

На 14-ти мај 2020 година, ДКСК отвори предмет во врска со наводи дека лицето Данаил Дончев се има стекнато со приливи додека вршел јавна функција. Со цел обезбедување дополнителни информации, Комисијата во два наврати, односно на 8-ми јули и 15-ти август годинава се обрати до Дончев и во двата наврати од страна на „Македонска пошта“ лицето Данаил Дончев е известен, но пратката не е побарана. Бидејќи не е достапен, го повикам јавно да дојде во Комисијата и да ги даде бараните податоци – вели Трпеноски.