дома Актуелно ДЕСКОВСКА: Оваа година екстерно тестирање нема да има

ДЕСКОВСКА: Оваа година екстерно тестирање нема да има

Идната министерка за образование Рената Десковска на прес-конференција во Собрнието порача дека нема да има екстерно тестирање.

Одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање. Се надеваме дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно, ќе се работи и в сабота и в недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти, како овластување на министерот, за измена на овој закон – рече Десковска.

Сакам да упатам порака до учениците и родителите, дека оваа година екстерно тестирање нема да има“, изјави Тренеска Дескоска.