дома Македонија ДЕСКОСКА: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде...

ДЕСКОСКА: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како обвинет (организатор) на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април, изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.