дома Македонија ДЕСКОСКА ГИ ПОТВРДИ НАВОДИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА: Предложивме вработените од СЈО да...

ДЕСКОСКА ГИ ПОТВРДИ НАВОДИТЕ НА ОПОЗИЦИЈАТА: Предложивме вработените од СЈО да бидат префрлени во републичкото ЈО

Министерката за пpaвда Рената Дескоска во изјава за МИА вели дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинитeлcтво предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинитeлcтво.

–Во текот на разговорите за законот за Јавното обвинителство водиме грижа за сите лица вработени во Специјалното јавно обвинитeлcтво и разговараме за нивниот статус. Нашиот предлог беше дека тие лица треба да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинитeлcтво, а јавниот обвинитeл да може натаму да ги распредели согласно потребите и систематизацијата на Јавното обвинитeлcтво – вели министерката Дескоска во врска со писмото со барања испратено од техничкиот персонал на СЈО до амбасадорите и до државниот врв.