дома Македонија Дескоска доби златна метла

Дескоска доби златна метла

Најавената „метла“ што ќе ја започне премиерот Зоран Заев периодов е актуелна во редовите на македонските политичари и функционери.

Некои сами поднесоа оставки, а министерката за правда, Рената Дескоска на својот профил на Фејсбук се пофали дека добила уникатен подарок – златна метла.

„Вистински благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење кpиминал и коpупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охpабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете кpиминалот и коpупцијата!“, напиша Дескоска на својот профил на Фејсбук.